ТЕРА

REKLAMA???

СВЕЧЕНО ПРЕЗЕНТИРАНА ИЗЛОЖБАТА „СУПСТРАТИ“ ВО ПАРИЗ

Изложбата „Супстрати“, како дел од иницијативата Отворен Балкан, која е заеднички проект на тројца уметници од Србија, Албанија и Македонија, беше официјално отворена во Париз.

На отворањето на изложбата, кураторот Клаудија Пецолд, основач на „Curating Evolution“, им се обрати на присутните: потпретседателот на Владата на Република Србија и министерката за култура Маја Гојковиќ, како и министрите за култура на Македонија и Албанија, Бисера Костадиновска Стојчевска и Елва Маргарити.

„Оваа извонредна соработка, со која се слави заедничкото наследство на Македонија, Србија и Албанија, е амбициозен обид да се помири нашето минато, да се разбере нашата сегашност и да се замисли нашата иднина. Преку иновативните дела на Кристина Пулејкова, Нина Жељковиќ и Дриант Зенели, ќе навлеземе во нашите заеднички геофизички и културни врски“, истакна министерката за култура на Македонија Бисера Костадиновска Стојчевска.Изложбата „Супстрати“ ги проучува аспектите на културното и природното наследство на трите земји и укажува на заеднички сегменти, кои го претставуваа регионот на Отворен Балкан.

Отворен Балкан е економска регионална иницијатива, која ја поттикнува соработката на трите земји од регионот. Во текот на изминатата година тој беше проширен и во областа на културата преку соработка на министерствата за култура на трите земји.

Публиката ќе може да ја посети изложбата во Париз до 12 август 2023 година.