ТЕРА

REKLAMA???

СВР БИТОЛА: СО „ПАЈАК“ ПОДИГНАТИ 13 ПОГРЕШНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА

Битолската полиција соопшти дека во текот на вчерашниот ден (30/31.03.2024) во период од 21:00 до 03:00 часот полициската станица за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Битола, во Битола спроведе акциска контрола за преземање на мерки и санкционирање на погрешно паркирани возила при што, со специјално возило „пајак” подигнати биле 13 возила и издадени 24 прекршочни платни налози.

Од полицијата велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.