ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ ЗА ИЗЈАВАТА НА БОЈКОСКИ

Се зголемува бројот на кандидати од битолскиот огранок на ДПМНЕ кои сакаат да му прават друштво во прилепскиот затвор на нивниот сопартиец, Владимир Талески, рече советничката од СДСМ, Јадранка Павловска на денешната прес конференција.

„Заменик градоначалникот на Битола и координатор на советничката група на ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, имал наводно сознанија за криминална група која манипулира со каснувањата од кучиња скитници во Битола, а се до последната седница на Совет молчел и никаде не го пријавил тоа!

Наместо како совесен граѓанин, а потоа и како втор човек во општината, да ги сподели информациите што наводно ги има со органите на прогонот, Бојкоски го прикривал кривичното дело! Тоа е казниво според Кривичниот законик“ вели Павловска.