Битолската СДСМ преку соопштение вели дека Тони Коњановски кој се претставува како градоначалник на Битола треба да се засрами и да се сокрие, а не да се слика пред Офицерски дом!
„Министерката за култура денес објави дека Владата предвоена од СДСМ го прогласи Офицерски дом за споменик на културата од големо значење. СДСМ уште еднаш докажува дека се грижи за културното наследство на македонскиот народ и го заштити Офицерски од такви како Коњановски – партиски послушници кои пред шест години не изустија ниту збор против намерите за продажба на Офицерски.
Има ли Коњановски во својата архива фотографија од неговото учество во протестите против продажбата на Офицерски?
Се сеќава ли Коњановски дека и во четирите години мандат како советник, додека СДСМ вложуваше напори за реконструкција на домот, тој го бранеше ставот на неговиот тогашен градоначалник, Владимир Талески?
Вчера поборник за продавање, денес заштитник на Офицерски. Со ваквото свое однесување Коњановски докажува дека е човек без образ, политичар без принципи и вредности, функционер кој е подготвен да направи се за да им се допадне на гласачите. Но, битолчани не забораваат. Залудни се фотосесиите пред и во Офиерскиот дом. Коњановски останува симбол на едно минато време во кое Офицерскиот дом ќе се продаваше.
Сега, кога Офицерскиот дом го доби својот вистински сјај и статус, единствено што може Коњановски да направи е конечно да излезе од објектот. И нека се обиде да го заштити од канџите на неговите сопартијци и коалициони партнери, како и од напливот на поединци и здруженија кои објектот го претворија во сала за забава“ стои во реакцијата на СДСМ.












