Битолската СДСМ денеска од прес конференција побара советник од ВМРО – ДПМНЕ, веднаш да си поднесе оставка од функцијата во Советот на Општина Битола и од работното место во Клиничката болница во Битола.
„Основното јавно обвинителство против него поднесе обвинение за смртта на новороденчето во октомври 2019 година, заради несовесно постапување при укажување на лекарска помош. Лекар осомничен за несовесно работење повеќе не може да остане на своето работно место во Клиничката Болница во Битола.
Советник против кого обвинителството покрена обвинение за кривично дело не може да ги претставува битолчани во Советот на Општина Битола.
Градоначалниче Коњановски, вие сте доктор и кој е вашиот коментар за обвинетиот колега лекар?
Претседателке на Совет на Општина Битола вие сте и здраствен работник, па прашуваме дали ќе побарате оставка од вашиот советник и колега?
Тоа е кадарот на ВМРО – ДПМНЕ во Битола. Советници со криминални дејанија кои не ги лечат пациентите, советници кои мислат дека со сила може да рушат што ќе им текне.
Со вакви советници ДПМНЕ не може да придонесе за развој на Битола, ниту можат да пружат лекарска грижа на битолчани – она за што дале заклетва и се платени со пари на граѓаните“ рече Андреј Стојановски, член на ИО на СДСМ Битола.












