По денешнаат изјава на градоначалникот на Битола во врска со последниот случај на каснување на лица од кучиња скитници, со реакција се огласија од бититолската СДСМ.
„Господине Коњановски, Скоро 2 години сте градоначалник, ама никако да го сфатите тоа. Кој треба да преземи институционални мерки за кучињата скитници во Битола, ако не Општината?
Вие и Поинаку ветувавте дека ќе го решите проблемот. ДПМНЕ и Поинаку се локална власт во Битола. ДПМНЕ има градоначалник, Поинаку има претседател на Совет.
Молите друг да го реши проблемот, а досега потрошивте над 50 милиони евра од буџетот.
Не е грев да сфатите дека не сте способни за функциите кои ги извршувате. Грев е сите други да ги правите будали, а себеси да се амнестирате од одговорност“ стои во реакцијата на СДСМ Битола.













