ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ГЛЕДААТ ЛИ ПОВТОРНО ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СЕГА?

За сите празници се ближат, за некои избори се ближат. СДСМ викендов на конгрес ќе избира партиски тела, а полека ја напуштаме изборната година со два изборни циклуци, а пред нас е уште една изборна година, овој пат за локалните избори, кои е планирано да се одржат некаде во октомври.

Во овој прилог зборуваме и за тоа кој пројавува желба за уште еден мандат, како и за тоа самите себеси ќе се искористата или употрребата за локалните избори. За оние другите знаеме како беа предупредени советниците во костуми, но на крај излезе дека никој од нив не замина во Скопје.

Дали сега оправдано ќе биде да има многу повеќе политика оти следните се локални. Илиевска ја прашавме каде таа се гледа и дали ќе успее условно речено политички да ги смири.

Дали повторно се гледа тука и во новиот состав, го гледаат други дека тој повторно ќе биде тука, беше прашањето за Бојкоски. За неговата желба не зборуваше, повеќе ни заврти кон дипломатски одговор.

А, Корелевски се гледа, иако сега повеќе се фокусирани во сопствениот партиски двор.

Ниту позитивно, ниту пријатно искуство бил овој мандат за советникот Лозановски.

Тогаш кога беше седницата на која ги прашавме советниците, не беше градоначалникот да го прашаме за неговите планови. А, идните градоначалници пак можеби ќе се соочат со изменет Закон за локална самоуправа кој ќе предвидува отповикување на градоначалник од било која општина, ако не си ја работи работата.

На оваа тема од една дебата ќе продолжиме в понеделник.