Камера 300 е меѓународен фестивал на аматерски документарен филм кој се одржува секоја година во Битола. Точно пред триесет години во предвечерието на 4.ноември-Денот на ослободувањето на Битола во Диско клубот при Домот на културата се одржа првото издание на ФАДФ ,,КАМЕРА 300″.
Организацискиот одбор на 30-тиот фестивал соопшти дека во завршна фаза се подгототовките на фестивалот. Голем интерес и оваа година за истиот кој ќе се одржи на 28 И 29.10., во Центарот за култура, кога официјално ќе се вреднува трудот на филмските аматери.

И оваа година филмовите ќе ги оценува интернационално жири. На 30 то јубилејно издание во конкуренција се четириесетина филмови од 12 земји ид Европа и Америка. Според востановената традиција, на ФАДФ „Камера 300“ ќе се доделат гран-при плакета „Милтон Манаки“, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, награда за најдобра репортажа и награда на Уника.
За 30 години на фестивалот продефилирале над илјада документарни филмски остварувања.












