Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека драфт законот за сајбер заштита на цивилното население и формирање агенција е во постапка и поставен е на ЕНЕР. Во неговото креирање се вклучени приватниот, невладиниот и владиниот сектор, како и науката, за да се добијат најдобрите решенија.
Досега за законот пристигнале преку 90 коментари и забелешки од сите заинтерсирани страни.
„Процесот беше многу инклузивен од првиот ден, а со законот и агенцијата еднаш засекогаш ќе ги решиме проблемите и предизвиците со кои сега се соочуваме од апсект на дигиталната трансфорација. Дигиталната трансфорација е долг, комплексен процес кој трае многу долго и никогаш не завршува, поради што мора да имаме патоказ и негова имплементација преку агенцијата за да го постигнеме тоа што сакаме“, истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.
На прашањето во врска со внатрешната ревизија што ја спроведе Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Алиу повтори дека резултатите покажале недоверба на компаниите во институциите поради што и многу малку од нив се подготвени да аплицираат на јавни тендери.












