ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА ЗАВРШНИОТ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „МЛАДА КРЕАТИВНА БИТОЛА“

Учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на платото пред КИЦ-Офицерскиот дом настапија со музичко-танцувачката изведба од филмот „Брилијантин“ според кореографија на психологот Жанета Ристевска. Тие настапија како дел од на завршната приредба на Млада креативна Битола.

Директорката на КИЦ  д-р. Лили Бошевска ги поздрави присутните наставници и професори, како и ученици од сите основни и средни училишта во градов. Следуваа кратки презентации на литературните, музичките и ликовните дела кои произлегоа од заедничката креативност на учениците од сите училишта. Во продолжение директорката Бошевска ги додели сертификатите и благодарници за учество на сите кои се заложија Битола да има еден ваков креативен настан.

Младите битолчани ја покажаа моќта на креативноста токму преку млада креативна Битола. Покрај учениците од ОУ. „Кирил и Методиј“ и учениците од Битолската гимназија исто така со музичко-танцувачка изведба од филмот „Брилијантин“ се претставија како дел од овој проект.

Тука беа и учениците од Државното музичко училиште и други.Овој настан е дел од меморандумот за соработка кој КИЦ Битола и претставниците на основните и средни битолски училишта го потпишаа речиси пред два месеци, а кој веќе донесе неколку соработки и отвори можност за креативно претставување на младите во Битола.