ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА ПРВАТА ЖЕНСКА АТЛЕТСКА ТРКА ВО БИТОЛА

Синоќа се одржа првата женска ноќна атлетска трка насловена „Биди своја“. Над 250 учеснички беа пријавени за оваа трка, на која освен битолчанки и припаднички на понежниот пол и од други градови. 

Стартот беше кај Офицерскиот дом, преку улицата „Партизанска“ до кружниот тек кај Веро и назад до целта кај Офицерскиот дом.

Доста Лазаревска беше највозрасна учесничка на ова трка.

Најбрза односно прва на целта пристигна Марија Пеликон, втора беше Мери Шешо, трета Јана Стефановска.

Екипата на Тера телевизија во рамите на оваа атлетска трка се сретна и направи интервју со Вера Велјановска, една од највлијателните битоски спортистки во државата и пошироко, кое ќе имате можност да го гледате во Актуел на Тера во текот на следната работна недела.