ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦАТА „АРТИСТОТ И МУЗИЧКАТА ИНДУСТРИЈА“ ВО БИТОЛА

Во Офицерскиот дом-КИЦ Битола се оддржа работилница „Артистот и музичката индустрија- бизнис релација или долгогодишнно пријателство“.

Работилницата ја водеше Атанасија Гулевска-АТА, која со присутните ги сподели своите искуства од музичкиот менаџмент педантно спакувани во одлична, питка и корисна презентација која ги опфати поимите како; артист , креација, менаџмент, присуство на социјални мрежи, познанства, медиуми, присуство на шоукејси-саем на музичари, како функционира професионалната музичка индустрија, фестивали кои се добри за млади бендови , но и иницијативи на неформални и формални групи и младински организации како; Култура Бета, Пондер, Гола планина итн.

Одличната презентација доби свој фитбек кај присутните и ја зајакна идејата за поблиска соработка помеѓу сите оние кои се обидуваат да направат позитивни промени во локалните културни политики во делот на независната сцена.Работилницата е дел од активностите на мини проектот „Зајакнување на независната музичка сцена во Битола“ поддржана од фестивалската мрежа @MOSTmusic.eu.

Независната музичка сцена со поддршка на мрежата MOST има за цел да ги мотивира музичките артисти на локално ниво да се здружат, да ги детектираат своите потреби и во соработка со локалната самоуправа и други истанци да ги решаават во правец на подобрување на условите за креирае, градење музичка кариера и др.