Во Прилеп викендов се одржа Саем на медот. На саемот медарите ги изложија своите пчелни производи. За разлика од минатите години, годинава пчеларите задоволни од приносот. Односно велат дека годината била просечна.

„Со оглед на климатските промени кои моментално се случуваат, имавме реалтивно лош старт на почетокот на пролетта, меѓутоа природата сепак беше наклонета на наша страна и имаме просечно добра година“, рече Љупчо Ѓорѓиоски, пчелар од Прилеп.

„ Јас секогаш сум задоволен, бидејќи јас не одам да бидам во добивка, битно е тие да преживеат, ако има за мене тоа е плус, и ова излегување на саемот, битно ми е да се дружиме, купуваќите ги имам од дома“, вели Кронислав Мантароски, пчелар од Прилеп.

„Оваа година ние сме задоволни, значи медот е од ливадска паша, барем со последните климатски промени, помалку потфрлува, а планината веќе послабо дава“, рече Изабела Гвероска, пчелар од Прилеп.
Остануваат велат проблемите со климатските промени и нелојалната конкуренција.

Тегла мед се продаваше по 600 денари. Цената велат зависи од цената на репроматиријалите кои ги користат за производство, а таа велат е зголемена.

Прашавме како се живее од пчеларството и производството на мед?
Саемот на медот во Прилеп годинава се одрѓа по 14 ти пат.












