Детскиот музички фестивал „СИ-ДО“,оваа година ќе се одржи по 26 ти пат традиционално во Центарот за култура, последната недела од месец мај. Во сите години, дефилираа над стотина деца годишно како солисти така и членови на детскиот фестивалски хор. За ова, посебен придонес имаа битолските композитори на детската музика: Петар Сидовски, Кире Костов, Миле Шерденков ,Славе Димитров, Петар Ѓорѓиев – Калица, Кирил Тодоровски, Милко Лозановски, Миодраг и Марјан Нечак, Снежана Наумовска како диригент и многу други музички педагози, организатори, директори на организации и друго. Некои од музичките надарени деца учесници на овој фестивал, денес се познати пејачи на македонската естрада.

Директорот на овој фестивал Дарко Шерденков истакна дека подготовките се во тек и ги покани љубителите на детската песна на фестивалот.
„Оваа година имаме 20 нови песнички кои ќе бидат промовирани на овогодинешниот СИДО фестивал, со гости од соседните земји“, изјави Шерденков.
Ќе останат во сеќавање повеќе детски песни во македонската музичка антологија кои за првпат беа испеани на овој фестивал: „Супер бабичка“ и „Метро и жилет“ ,„Рокер јас сум мила мамо“ и „Споменар“ (Миле Шерденков)„Наташа од трето три“ (Драган Каранфиловски-Бојс), „Без другар тешко е“ (Љ.Мирковски), „Анушка“ (Ристо Самарџиев), „Амадеус, Амадеус“ (Марјан Нечак)„Мамбо ча ча ча“ (Дарко Шерденков) и уште многу други.

Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот на градот, како и многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите. Во 2005 година композиторот Миле Шерденков по иницијатива од граѓаните на град Битола и пошироко еден од првите членови од организацијата на детскиот фестивал СиДо и Дарко Шерденков ја продолжуваат традицијата така што овој фестивал прераснува на едно повисоко ниво во интернационални рамки, а тоа се докажува со многубројните награди и признанија што ги добива детскиот музички фестивал Си-До надвор од границите на Македонија.












