ТЕРА

REKLAMA???

СЕ САНИРААТ ШТЕТИТЕ ОД ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО

Во скопскиот и тетовскиот регион се санираат штетите од вчерашното невреме проследено со ветер, дожд и град. Пријавени се штети за поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади…

Од Центарот за управување со кризи информираат дека Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во 16:35 часот попладне имаше локална појава на пороен дожд грмежи силен ветар и град.

На повеќе улици на градот забележено е поплавување на голем број подрумски простории, поплавување на улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, наноси од песок, оштетени инсталации од куќи, оштетени фасади, заглавени возила, одрони на патот и други настани поврзани со невремето. За настанатата состојба известени се сите надлежни институции и истите интервенираа, интервенираат и се уште интервенираат во отстранување на последиците од невремето етапно, согласно пријавите, а секако нивните работни процедури.

Заради невремето половина од градот Тетово беше без електрична енергија.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во невремето што го зафати територијата на Град Скопје со обилни врнежи од дожд на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнаа голем број на пријави за паднати дрва, поплавени улици во повеќе скопски населби, поплавени куќи и гаражи. Конкретно, до утрово, има 42 пријави беа за паднати дрва на повеќе локации во градот што беа веднаш известувани континуирано дежурните во ЈП Паркови и Зеленило на Град Скопје.