ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА, СЕ ПОЧУВСТВУВА И ВО МАКЕДОНИЈА

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во Албанија. Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот се случил во 22:37 часот по локално време.

Епицентарот на земјотресот бил на 23 км североисточно од Тирана и на длабочина од 2 км.

Земјотресот бил почувствуван и во делови од Македонија.

Неколку минути подоцна регистриран е уште еден потрес со послаба магнитуда, а се случил во 22:45 часот.