Попладнево Битола и околината беа зафатени од краткотрајно невреме проследено со дожд и силни електрични празнења.
Околу 15:15 часот Управата за хидрометеоролошки работи предупреди дека југоисточно од Битола, можна појава на силен град.
За денеска метеоролозите прогнозираат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.













