ТЕРА

REKLAMA???

СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА: ОСТАВКИТЕ НА МИНИСТРИТЕ СЕ САМО ПОЛИТИЧКИ МАНЕВАР

Се работи за тн. оставки или симулација на оставки, бидејќи Уставот е јасен секој министер може да поднесе оставка и преку премиерот истата се доставува до претседателот на Собранието, а тој веднаш и ги доставува до пратениците и на следната седница се констатираат оставките, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на Канал 5, а коментирајќи ги како што велат од ДУИ условените оставки на нивните министри, кои би се ефектуирале доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот.

Според неа нивниот чекор е само „политички маневар”.

Силјановска се осврна и на тоа што значи Бугарија да има нови барања по промената на Уставот на Македонија.

„Преговорите во рамки на тн. историска комисјиа се непресушен извор на барања истото е и во рамки на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или не договореното. Значи господар на прстените е Бугарија”, кажа Силјановска.

Според професорката во Македонија не треба да се зборува за дискриминација по етничка основа.

„Дискриминари се оние кои плаќаат или не плаќаат струја. Во Македонија се дискриминарини граѓаните како поединци.  Крајно време е да го ставиме акцентот на стручнот и компетентност и сите ќе останат тука никој нема да си оди од Македонија”, вели Силјановска.

На Македонија, укажува таа, најмногу и е важно владеењето на правото.