Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова во емисијата Директно на Тера, зборува и за употребата, односно како што вели злоупотребата на европското знаменци во Собранието за носење на законите.
„Не е сурово. За европското знаме, да навреливо е, намерно сум сурова, бидејки кога зборувате за ЕУ обожавателски, како да е тоа Елдорадо, како да е тоа нешто непогрешливо, како да е догма, треба да се однесувате со должна почит кон европското знаме, односно кон законите што треба да се хармонизираат со АКИТО, односно со европското знаме.
Не го велат ова само јас, отворете било кој извештај, еве и последниот, годинешниот за напредокот на Македонија, ќе видите со еден речник дека не смее да се злоупотребува, јасен, прецизен, со тешки зборови европското знаме. Меѓутоа, зошто се злоупотребува европското знаме? Не зошто одредбите од законите се толку многу хармонизирани со европските регулативи, директиви, што нема потреба да губиме време, туку заради фамозната, најсилна Комисија во Собранието, наречена Комисија за европски прашања со антиевропско постапување, секогаш загарантирана за пратеник од ДУИ, каде што за три дена, без дебата, значи замислете Комисија на која до сега немало ниту еден поканет експерт, ниту еден поканет од засегнатите страни, никој од невладиниот сектор и се што требало да значи заштита на лични и колективни олигархиски интереси одело таму. Е затоа јас реков дека партал го направивте“ вели Силјановска-Давкова.












