ТЕРА

REKLAMA???

СИТЕ СОГЛАСНИ ЗА ПАТЕКИТЕ И СПОРТСКАТА САЛА

Она што не помина на претходната седница се покажа денес дека тоа беше само инает да се закочи процесот  за Битола да не добие велосипедски патеки, вака рече координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Бојан Бојкоски за измената на Програмата за економски развој, а се однесува и за проектот за велосипедски патеки.

„Во однос на деталите кои што ги бараат во моментот тоа беше јасно кажано дека должината на велосипедските патеки ќе биде 5,3 километри и ќе почнува од кружниот тек кај Педагошкиот факултет, Васко Карангелевски, Партизанска до Градското Шеталиште и назад. Очекуваме поддршка да добиеме од страна на сите советнички групи. Ние и на минатата седница рековме дека е потребно да се гласа да не се тера инает. И ги видоа реакциите кои беа на граѓаните по медиумите, дека таквото кочење не го одобрува никој, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ рекоа дека ќе ја поддржат точката, односно тоа го прават бидејќи според нив не се работело за изградба на велосипедски патеки, туку за реконструкција на тротоари.

„Забелешките кои ги искажавме на минатата седница дека не се работи за велосипедски патеки дека се работи за реконструкција на тротоари и дека се работи за некомплетна документација денес се потврдува со тоа што Општината го враќа тој проект во Програмата за економски развој каде што треба дополнително со 500 илјади денери да се изработи проект во кој треба ние да видиме кои тротоари ќе се санираат, со колкава должина и ширина, кои времени објекти треба да се отстранат, кои дрва треба да се отстранат, во кои делови од тротарите треба да се направи девијација, за на крајот доколку сите мислиме ние пред се битолската јавност дека тоа е во ред да гласаме за реализација “, рече Методија Илиевски советник од СДСМ.

Сега имаме ситуација каде две точки се ставени во една, вели советникот од Левица Горан Велевски.

„Имаме ситуација каде што треба да се гласа за велосипедски патеки и имаме ситуација каде што во втора ставка е ставена реконструкција на салата „Боро Чурлевски“ по повод пласирањето на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони и сега тука е малку дискутабилно. Доколку не помини таа точка ќе забраниме и реконструкција на салата „Боро Чурлевски“. Претходниот пат имаше дискусија каде што точно не беше образложено како ќе се одвиваат велосипедските патеки за потоа ние да добиеме информации дека од Општина Битола како ќе изгледа нацрт документот. И да помини таа точка за велосипедските патеки, тоа ќе биде еден нацрт проект за кој ќе имаме детален преглед и ние и граѓаните како ќе изгледа понатаму. Денес ќе ја поддржиме таа точка бидејќи се две ставки во една и мислам дека треба да дадеме шанса на битолчани пред се да го објави проектот и потоа ќе дискутираме. Таа е некоја игра на стратегија на локалната самоуправа каде што во една точка става две подточки и мислам дека ниту амандмански според законот за локална самоуправа не можеме да ги одделиме и поединечно да ги гласаме, “ рече Горан Велевски, советник од Левица.

Цело време се тера некој популизам, а ние немаме добиено проект за велосипедски патеки, вели претседателката на Совет Илиевска.

„Ние денес немаме точка за велосипедски патеки, ние денес имаме точка измена на Програма за економски развој и во истата е предвидено реконструкција на тротоари на Васко Карангелевски и ул. Партизанска. Велосипедски патеки би се направиле откако ќе се изврши реконструкција на овие тротоари. Мене ми е многу криво што цело време се тера некаква сила и популизам, бидејќи ние во ниеден момент немаме добиено пред нас било каков проект за велосипедски патеки. Ние имаме добиено само делумен проект за реконструкција на тротоари на овие две улици“, рече Габриела Илиевска, претседател на Совет.

 На денешната 27 седница на Совет пред советниците се најдоа 64 точки на дневен ред.