ТЕРА

REKLAMA???

СКИ-ЦЕНТАРОТ „НИЖЕПОЛЕ“ ПОД СНЕЖНА ПОКРИВКА

Врнежите од снег формираа снежна покривкаа и во потпелистерието. Ваква е сликата утрово од ски-центарот „Нижеполе“ на јавното претпријатие „Стрежево“.

И во изминатите денови имаше слаби врнежи од снег, но не се задржа на терените.

Според метеоролозите во котлините денес претпладне се уште ќе има врнежи од дожд, особено во источните делови каде ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Потоа во следните денови ќе преовладува облачно и постудено време со локални врнежи со послаб интензитет, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд и снег.