ТЕРА

REKLAMA???

СМЕНА НА ДИРЕКТОРИ НА ДВЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО БИТОЛА

Општина Битола, ја известува јавноста дека, за в.д директор на Јавното претпријатие Комуналец е назначен Горан Степановски, кој доаѓа на местото на досегашната в.д директорка Гордана Наумовска.

Горан Степановски е економист кој доаѓа од раководната позиција на јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници (ЈППЈЛП).

Степановски во изминатиот период, како директор на ова претпријатие покажа високи резултати во организирањето и реализацијата на програмата за работа и работните задачи на претпријатието, стои во соопштенеито од Општина Битола.

На негово место, за в.д директор на ЈППЈЛП е назначен Зоран Михајловски, дипломиран сообраќаен инжинер.