ТЕРА

REKLAMA???

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР ГО ПРОСЛАВУВА СВОЈОТ 8 РОДЕНДЕН

Со над 55 милиони денари добивка, со билансна и вонбилансна премија од 800 милиони денари и со растечки број од околу 120.000 осигуреници СН Осигурителен Брокер АД Битола ги сумира резултатите од 2022 година – година во која компанијата токму во декември го одбележува осмиот роденден.

Растот и развојот водеше кон тоа СН Осигурителен брокер да ја донесе и најголемата гринфилд инвестиција во регионот во 2019 година – СН Сообраќајниот центар.

Дел од развиената продажна мрежа се и подружниците на СН Осигурителен брокер во главниот град на државата. Една од нив е лоцирана во срцето на Скопје во непосредна близина на соборниот храм.

Уште еден историски чекор кој го направи СН Брокер и со тоа уште еднаш ја потврди пионерската позиција во финансискиот сектор во Македонија е издавањето на корпоративна обврзница.

Но, растот и развојот не застануваат тука. СН Осигурителен Брокер храбро го фрла погледот на надворешните пазари на осигурување. Следна дестинација е Грузија… Неодамна беше реализирана и првата деловна посета на Грузија и веќе се остварени контакти кои идејата треба да ја претворат во реалност.

И во оваа кризна 2022 година, кога светот тешко опоравувајќи се од ковид пандемијата се соочи со нови предизвици проследени и со енергетска криза, СН Осигурителен Брокер остана посветен партнер на заедницата. Компанијата не го следеше трендот на зголемување на цените под притисок на инфлацијата. Напротив, покажа дека е општествено одговорна компанија и успешно ги задржа позициите на најбрзорастечко и најголемо и брокерско друштво во секторот на осигурувањето.

2022 година СН групацијата ја завршува со уште еден успех, СН мото-центарот во Скопје, најмодерна станица за технички преглед.

Повеќе за осмиот роденден на СН Осигурителен Брокер во продолжение на видеото.