Утрово 6 степени во Берово, 7 Лазарополе, Попова Шапка, 9 Крива Паланка, 10 Маврови Анови, Битола, Претор, Крушево, 11 Охрид, Прилеп, 12 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Струмица, Виница, Демир Капија, Дебар, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 14 Дојран, Гевгелија.
Најмногу дожд 22 л/м2 наврнаа во Куманово, 16 Пожаране, 12 Крушево, 3 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Берово, 1 Демир Капија, Пожар.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, на северозапад со локален дожд. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени. Во Битола до 23 степени.












