ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ, ВО БИТОЛА ДО 18 СТЕПЕНИ

Утрово -1 степен во Маврови Анови, Берово, 0 Попова Шапка, Охрид, 1 Скопје-Петровец,  Битола, 2 Претор, Прилеп, Крива Паланка, Тетово, Демир Капија, 3 Крушево, 5 Виница, Струмица, 7 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија, 8 Дојран.  

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно и ветровито особено ветерот беше изразен вдолж Повардарието и на поголемите височини. Утринава е сончево со мала до умерена локална облачност.

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени. Во Битола до 18 степени.