Утрово 8 степени на Попова Шапка, 10 Лазарополе, 12 Битола, 13 Маврови Анови, Охрид, 14 Скопје-Петровец, Тетово, Берово, Претор, Прилеп, 15 Крива Паланка, Демир Капија, 16 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 17 Велес, 18 Виница, Штип, Струмица, 19 Дојран, Гевгелија.
Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност.
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во западните делови повремено ќе има зголемено наоблачување со услови за краткотраен слаб дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Битола 29 степени.
УВ индексот 7.












