Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. УВ=6. Во Битола со максимална дневна температура од 27 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Во недела кон крајот на денот во северните делови ќе има краткотрајно дестабилизирање со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.












