Утрово 1 степен во Лазарополе, Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Берово, Крушево, 7 Тетово, Крива Паланка, Штип, 8 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Куманово, 9 Струмица, 10 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Демир Капија, 12 Дојран, Гевгелиј.
Најмногу дожд 5 л/м2 наврнаа во Штип, 3 Берово, 2 Струмица, Гевгелија, Ѓуриште, Виница, 1 Прилеп, Куманово, Тетово, Крива Паланка, Попова Шапка.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени. Во Битола до 20 степени.












