ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО, ВО БИТОЛА ДО 36 СТЕПЕНИ

Времето денеска сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Дневните температури ќе се движат од 29 до 40 степени, во Битола до 36.

УВ индексот 10.

Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на топол бран. Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.