Утрово 14 степени во Лазарополе, 16 Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, 18 Крива Паланка, Охрид, Битола, 19 Претор, Дебар, 20 Тетово, Прилеп, Струмица, Куманово, Крушево, 21 Скопје-Петровец, Велес, 22 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 23 Демир Капија, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево наместа со слаб ветер од променлив правец и мала локална облачност на североисток.
Денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. Во Битола до 37 степени.
УВ индексот 10.












