Вчера во Битола беа измерени максимални 34 степени.
Времето денеска сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Дневните температури од 31 до 41 степен, во Битола до 36 степени.
УВ индексот 10.
Во следните денови времето ќе се задржи многу топло, со високи температури. Утринските температури на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.












