ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ

Утрово 10 степени во Берово, 12 Лазарополе, 14 Попова Шапка, 15 Охрид, Струмица, Маврови Анови, 16 Битола, Крива Паланка, Претор, 17 Дебар, 18 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија,  Крушево, 19 Штип, Гевгелија, Кавадарци, 20 Куманово, Прилеп, Виница, Дојран,  22 Скопје-Зајчев Рид, 23 Велес.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, утрово е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Времето денеска сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. Во Битола до 34 степени.

УВ индексот 7.