Утрово -6 степени на Попова Шапка, -3 Маврови Анови, Крушево, -1 Берово, Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Битола, Прилеп, Охрид, Претор, Дебар, Виница, 3 Тетово, Штип, 4 Скопје Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 6 Дојран, Демир Капија, 7 Гевгелија.
Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините на запад наместа имаше појава на слаб снег. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец.
Утрово е променливо облачно, свежо и ветровито.
Во текот на денот времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени. Во Битола до 10 степени.












