Утрово 1 степен во Берово, 4 Битола, Тетово, 5 Скопје-Петровец, Струмица, Маврови Анови, 6 Демир Капија, Лазарополе, Прилеп, 7 Гевгелија, Крива Паланка, Штип, Дебар, 8 Претор, Охрид, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 10 Попова Шапка, Дојран, Виница, 11 Крушево.
Во текот ноќта се задржа ведро, а утрово е сончево. Дува слаб ветер со променлив правец.
Времето денеска сончево и релативно топло со слаб променлив ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени. Во Битола до 23 степени.












