Утрово 11 степени во Берово, 13 Крушево, 14 Крива Паланка, Претор, 15 Битола, 16 Охрид, Тетово, 17 Штип, 18 Скопје-Петровец, Демир Капија, Куманово.
Во текот на ноќта претежно ведро, утрово сончево со мала до умерена локална облачност.
Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. Во Битола до 32 степени.












