Утрово 7 степени во Берово, Лазарополе, 8 Попова Шапка, 9 Битола, 10 Крива Паланка, Маврови Анови, Тетово, 11 Крушево, Прилеп, Претор, Куманово, 12 Скопје-Петровец, Демир Капија, Охрид, Велес, Струмица, 13 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Штип, Кавадарци, 14 Гевгелија, Виница.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а изутринава насекаде е сончево. Наместа дува слаб претежно североисточен ветер.
Времето денеска сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од 25 до 31 степен. Во Битола до 28 степени.












