Утрово 11 степени во Лазарополе, 12 Берово, 13 Попова Шапка, Маврови Анови, 14 Битола, 15 Охрид, Претор, Крива Паланка, 16 Тетово, 17 Крушево, Струмица, Дебар, 18 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, 19 Куманово, Виница, 20 Демир Капија, Штип, Велес, 18 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а утрово е сончево наместа со слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Битола до 35 степени.
УВ индексот 8.












