Утрово 10 степени во Берово, Лазарополе, 12 Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 13 Крива Паланка, Тетово, 14 Струмица, Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Охрид, 15 Велес, Крушево, Демир Капија, 16 Виница, Штип, Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Скопје-Зајчев Рид, Дојран.
Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше малку до умерено облачно време. Понекаде дуваше слаб променлив ветер.
Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне наместа облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Битола до 29 степени.












