Вчера попладне два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици го изгаснаа шумскиот пожар кој изби во атарот на крушевското село Пуста Река. По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат.
Од Центарот за управување со кризи велат дека опожарена беше квалитетна борова шума на еден хектар и ниска вегетација на два хектари.















