ТЕРА

REKLAMA???

СО КЛИНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ДО ИЗВОНРЕДНИ ПРАВНИЦИ ОД ПРАВНИОТ НА УКЛО

На правниот факултет во УКЛО годинава по првпат се реализираше Клиничко образование за кривичо право. Целта е приближување на правничката професија до студентите од реалната пракса. Оценката е позитивна, и на студентите и на експертите што ја реализираат. Тоа пак лесно   води до заклучокот дека ваквиот пристап во образованието по право треба да стане составен дел од наставно-научниот курикулум.

„Јас бев во улога на доктор офталмолог кој зема мито од 300 евра , па потоа бев осуден во тој цел процес..“

„Јас го тужев „докторо“ во случајо кој ме оштети така што ми побара мито за да ми набави некои лекарства кои ми биле потребни за лекувaњето. “

Изјавите што ги слушате ( читате ) не се реална приказна, Александар  и Викторија  зборуваат за една од улогите кои ги играле во рамките на клиничкото образование по кривично право на Правниот факултет. Клиничкото образование коешто е исполнето со многу практични соочувања започна пред една година. Проф. Ангелина Станоевска.

„Од оваа година  на петте државни универзитетити со финансиска поддршка од амбасадата во САД и Меѓународната организација за развој на правото (ИДЛО)  е организиран проект што на студентите им овозможува клиничко образование по казнено право и криминологија. Всушност целта е преку создавање на една платформа на сите државни универзитети да се да се работи на тоа клиничкото образование да стане составен дел од наставните програми, односно да биде дел од редовните програми за студентите во текот на нивното студирање. Да не се среќаваат само со теоријата кога се работи за правото туку и практично да се спремаат за професионалните обврски кога ќе го завршат факултетот.

Професорот Ице Илиевски кој заедно со Станоевска се одговорни за теоретскиот дел посочи и дека во рамки на програмата оствариле посети на многубројни институции составен дел на македонскиот правосуден систем. Од обвинителство, преку судови, до затвори. Правниот факултет на УКЛО нуди уште една можност.

„Втора година по ред организираме и ЈУС Форум, теорија и пракса кадешто студентите можат да слушаат дополниелни предавања од истакнати експерти и од професори од странски универзитети кадешто исто така преку дискусии и панел дискусии, јавни дебати итн овозможуваме зголемување на перцепциите на студентите и подобрување на нивното знаење, но и можност на нашите студенти и професори да разменуваат одредни мислења и ставови во подигнување на свеста за сопствени и општествени цели. “  – вели проф. Ице Илиевски.

Клиничката пракса внесува нова енергија кај студентите различна од досегашниот начин на студирање право и сувопарноста на законите кои треба да се изучуваат и потоа и полагаат. Видливо и од нив денеска кога се потсетуваа и објаснуваа  како студираат.

„Навистина, клиничкото образование за нас студентите е од многу големо значење и ни помага во текот на студирањето затоа што теоријата којашто ја изучуваме почнуваме да ја применуваме во реалниот живот и почнуваме да се соочуваме со вистински предизвици од правничката професија, како што беше случај со овогодишниот натпревар по симулирано судење кадешто ја изучуваме целата ЗКП постапка , од воведни и завршни говори на обвинител, бранител, водење на една расправа од страна на студија, па се до комплетно сведочење на вешто лице и другите сведоци. “ – вели Ангела Димовска, студент од четврта година на правниот факултет.

„Тоа беше едно големо искуство за мене како правник , практично да се применува правото и големо стекнато знаење.“ – вели Александар Ристевски, студент на трета година, од почетокот на прилогот.

„Една од најдобрите можности мислам што нашиот факултет ја нуди, односно Правниот факултет на УКЛО ја нуди е токму клиничкото образование . тоа беше исполнето со многу настани, посети, но и работа. “ – вели Викторија Павловска, веќе апсолвент на Факултетот.

За практичниот дел, симулацијата на судења одговорноста ја понел адвокатот Никола Главинче. Неговата оценка:

„Работевме на практични вежби, на конкретни предмети од кривично правната област по коишто постапувале Основниот, Апелациониот и Врховниот суд на Македонија, значи во три инстанци. Со разгледување на актите кои се вистински изработени во предметите од донесување на наредба за спроведување на истрага па до одлучување со пресуда на Врховниот суд по вонреден правен лек , ги анализиравме сите докази и доказни средства вербални и материјални , симулиравме судење и на тој начин придонесовме и помогнавме студентите поблиску да се доближат до она што е реален живот односно реално практикување на правото и кривичното право воопшто.“ – вели Главинче.

Стекнатото искуство подразбира практично чувство на наплив на адреналинот при донесувањето на обвинение, одбрана, пресуда, пред своите колеги – денеска студенти, на веќе завршени случаи, утре на вистински клиенти.

„Сакам да им порачам на идните студенти и сите кои сакаат да се запишат тука би им препорачала да се вклучат и да бидат дел од ова клиничко образование бидејќи она што тука мижат да го слушнат и научат сметам дека нема на ниту едно друго место тоа да го направат“. вели Викторија. „И овие активности ќе продолжат и во иднина па затоа предлагам на секој студент на правниот факултет да ја искористи оваа можност и да се приклучи во работата на клиниката во иднина. “ – вели Александар, одговарајќи на прашањето дали би го препорачале факултетот на универзитетот кој преку клиничкото образование како што вели адв. Никола Главинче покажа извонредна заинтересираност за ангажирање на практичари во научната област, што води стекнување на вештини кои студентите претходно многу потешко и многу ретко ги стекнуваа.