Доцна попладнево Советот на Општина Битола го изгласа ребалансот на буџетот за 2024 година. Пред да се гласа, имаше и комисиска расправа на која се усогласуваа предложените амандмани од советничките групи.
Како што вели за Тера советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски сите предложени амандмани беа прифатени, но не сите гласаа ребалансот. Советникот од СДСМ, Борче Корлевски ни потврди дека сите амандмани кои ги предложи нивната коалиција биле прифатени.
Советникот од Левица, Гаврил Трајковски побара поединечно гласање.
25 советници гласаа „за“ , воздржани беа тројцата советници од Поинаку, а против беа двата советника од Левица.