ТЕРА

REKLAMA???

СРЕДБА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТОТ БИТОЛА-МЕЏИТЛИЈА

Жителите на Кравари и неколку други населени места кои гравитираат кон поранешната Општина Бистрица, денеска беа на средба која ја иницираше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, по започната петиција од страна на жителите за решавање на проблемот на регионалниот пат Битола-Меџитлија, каде изминатите неколку дена се случија сообраќајни незгоди со жртви, а е пат на кој и во минатото имало многу сообраќајки.

Граѓаните и градоначалникот иницираат постапка во МВР и другите надлежни институции за брзо делување, рече градоначаникот и соопшти дека на почетокт на наредната недела ќе закаже средба со другите инстутуции.

Меѓу барањата на жителите, кои беа соопштени на оваа средба се интензивни сообраќајни контроли, поставување на соодветна сигнализација и особено зголемување на безбедноста на патот кај училиштето каде што учат 42 ученици, а во близина работи и детска градинка.