Деновиве прослава 60 години од матурирањето. Станува збор за претпоследната генерација од учителската школа „Браќа Миладовци“ во Битола, која од наредната година пак прерасна во Педагошка академија. Ова се дел од матурантите од генрација 1962/63 година.
Околу 190 ученици тогаш учеле за учители во десетина паралелки. Дел од нив продолжиле во образовани, друг пак во други сфери во општеството.
Во нив е колегата Петар Ставрев кој беше учител во Бела Црква, прилепско, каде добил вработување веднаш по матурирањето. Потоа продолжува во Радио Битола како новинар 15 години. Стана и дописник и на НИП „Нова Македонија“, а десетина година беше во првото дописништво на „Вечер“ од Битола. Ставрев во својот работен век како новинар, јавноста го препознава и по неколку телевиски проекти, каде ги откирва убавините на Македонија и не толку познатите и посетувани туристички места.
Сега тој како пензинер со дел од сооучениците од неговата генерација прослави голем јубиј 60 години од матурирањето. Класен час немаа, но се собраа пред зградата на сегашното училиште „Таќи Даскало“ каде што беше учителската школа.
Прославата ја продолжија во ресторанот „Император“, каде пак ученици од техничкото училиште прославуваа 48 години од матурирањето и се сретнаа со некои што тогаш им беа учители.
Тие секоја година организираат средби на различни места, еднаш битолските, а друг пат прилепските улченици кои биле најзастапени меѓу матурантите.












