ТЕРА

REKLAMA???

СТОЈАНОВСКИ: ВЛАСТА КРАТИ ПАРИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Заложбите за здрава животна средина за сите битолчани по сѐ изгледа замреа со доаѓањето на новата локална власт предводена од ВМРО ДПМНЕ и ПОИНАКУ, вели Андреј Стојановски од СДСМ.

„Наместо да се цели кон тоа да се подобри животната средина и со тоа да се подигне квалитетот на живот на нашите сограѓани, програмата за животна средина за Општина Битола не само што не се зголемува туку и се намалува! Со ребалансот на буџетот на Општината, под диригенска палка на владеачките ВМРО ДПМНЕ и ПОИНАКУ, вкупниот буџет за оваа програма е намален за  милион и пол денари, споредено со буџетот во предлог-програмата од декември 2021 година.

Тоа се милион и пол денари помалку за на здравјето на битолчани – здравјето на секој еден од нас кој живее и работи во Битола, здравјето на нашите деца!

Почитувани сограѓани, по сѐ изгледа дека претседателката на советот, која верувам се сеќавате беше најгласна за важноста и заштитата на животната средина, дозволува да се намали оваа и тоа како значајна програма.

Но, иако некои заборавиле за што се залагаат и не се залагаат – ние нема. Здравата животна средина останува врвен приоритет за ОО СДСМ Битола и ние нема да дозволиме ваквите срамни потези да останат неказнети“ рече Стојановски.