ТЕРА

REKLAMA???

СТРЕЖЕВО Е ЛИКВИДНО ПРЕТПРИЈАТИЕ

ЈП Стрежево го реши спорот со ЗК Пелагонија.Исплатен е главниот долг по однос на судската пресуда, трошоците на постапката и каматата во целост, исклучиво од сопствени извори на финансирање, рече директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски на последната пресконференција на која јавноста беше информирана за изградбата на првата фотоволтаична централа на ЈП Стрежево.

„Во специфични времиња, кога речиси секоја година беше одбележана со кризен предзнак, во време на големи предизвици и неизвесности, Стрежево го издржа силниот финансиски удар, не потклекна на притисокот и благодарение на домаќинското работење успеа да го затвори наметнатиот проблем од 2015 година во врска со тужбата на ЗК Пелагонија.
Денес не му должиме ниту денар на комбинатот, го исплативме по основ на судска пресуда главниот долг, трошоците на постапката и каматата во целост, исклучиво од сопствени извори на финансирање. Сега предметот е пред Врховен суд на конечно одлучување“, изјави Граматковски.

Покрај сите премрежја низ кои поминуваше Стрежево изминатиот период продолживме да ги подобруваме условите за корисниците на вода, да вложуваме во човечкиот и во инфраструктурниот потенцијал со кој располагаме,рече директорот Граматковски.

„Оваа година веќе двапати се покачуваат платите на вработените во Стрежево, на почетокот од годината и со септемвриската плата за дополнителни 10 проценти, а исплатен е и регрес за годишен одмор.Покачувањето е значајно, поставуваме нови стандарди за грижа на вработените, а јас од преземањето на функцијата силно се залагам за достоинствен приход.Двете покачувања се резултат, меѓу другото, и на оваа заложба.Стрежево е високо ликвидно претпријатие со стабилна финансиска состојба, редовно се исплаќа плата, придонеси од плата и обврските кон државата, вложува во тековни и капитални инвестиции, и во овој период претпријатието не користело кредити.Во периодот што следи преку грижливо и домаќинско работење, ќе ги зголемиме приходите од дејностите, а дополнително ќе ги намалиме непродуктивните трошоци“, рече Граматковски.

Со посветена  и напорна работа ќе се носиме со сите предизвици и специфики на современите текови, потенцираше директорот Граматковски.