ТЕРА

REKLAMA???

СТРЕЖЕВО: ИАКО ЗГОЛЕМЕН ВОДОСТОЈОТ, СОСТОЈБАТА Е СТАБИЛНА

Акумулацијата Стрежево ги зафаќа водите од реките Кишавска, Остречка, Граешка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка, река Шемница и река Драгор за потребите на Хидросистемот Стрежево.

„Бележиме зголемен доток изминатите денови во акумулацијата Стрежево како директна последица на интензивните врнежи од дожд, но од наша страна сме подготвени за вакви ситуации, предвиден е акумулационен простор за надојдените води, и имаме технички можности за директна регулација на водостојот на акумулацијата, а со цел спречување на штетните дејствија кои можат да се појават како последица од врнежите“ велат од ЈП „Стрежево“.

Додаваат дека сите реки од сливното подрачје редовно се мониторираат, го следат дотокот на вода на дневна основа и констатираат дека и покрај зголемениот водостој на сите реки состојбата е стабилна, и без никаква опасност за излевање на речните корита.

ЈП Стрежево ќе продолжи постојано да врши редовен мониторинг на квантитетот на водите од припадните води на сливното подрачје, а граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи претпријатието е подготвено да се справи со предизвиците поврзани со надојдените води како последица на интензивните пролетни дождови, додаваат од „Стрежево“.