Директорот на јавното претпријатие „Стрежево“ Менде Граматковски вели дека во акумулацијата има доволно вода и не треба да има загриженост, но истовремено апелира таа рационално да се користи.

„Во акумулацијата „Стрежево“ во овој момент има акумулирано вода од 78 милиони метри кубни, кој што е добар показател дека ние во иднина ќе имаме вода за сите водокорисници, тргнувајќи од земјоделието, населението, РЕК Битола и индустријата.
Со максимално штедење оваа година, со оглед на тоа дека немавме доволно снег, но последните дождови кои што заврнаа во април достигна момент акумулацијата да достигни 90 милиони метри кубни вода, што беше добар почеток за сезоната за наводнување. Но, во мај месец фати сушен период кога ние порано ја започнавме сезоната за наводнување, односно на 27 мај ја започнавме и од тогаш имаме континуирано наводнување за земјоделците.
Тука можам да кажам дека во овој момент, не само земјоделците што се корисници имаме и доста големи количини кои што ги испорачуваме за јавното претпријатие „Водовод“, бидејќи има недостаток на нивните извори и во овој момент од 500-600 литри во секунда користат вода од стрежевската акумулација.

Битката со кражбите на вода и натаму стои, ние на терен редовно излегуваме и во претпладневните часови, но и во вечерните часови, се со цел да ги детектираме сите аномалии и сите кражби за користење вода во земјоделските површини. Но, за жал немаме толкав човечки ресурс, колку што има неправилно користење на водата.
Би сакал да апелирам, со оглед дека настануваат и ќе има уште поголеми темепратури кои што се најавуваат од синоптичарите и зголемена температура и над 40 степени, во овој момент по главниот канал испорачуваме 8 метри кубни вода во секунда што е голема количина и сите цевководи кои што се од Лисолај до Меџитлија се во функција, апелирам до земјоелците максимално економично да ја трошат водата и после секое наводнување, односно залевање на културите ги исклучат хидрантите и да нема непотребно трошење на водата“ апелира Граматковски.












