ТЕРА

REKLAMA???

СТРЕЖЕВО ИМА ЕКОНОМСКА САМООДРЖЛИВОСТ, ЛИКВИДНОСТ И СОЛВЕНТНОСТ

Стрежево има економска самоодржливост, ликвидност и солвентност,  а  сите по­ка­­­затели ука­жуваат на сериозна финансиска и трошковна дисциплина на компанијата, рече на последната пресконференција првиот човек на ЈП Стрежево Менде Граматковски. Потенцираше дека И оваа година во првото тромесечие имале позитивен биланс од околу 10 000 000 денари со исплатени обврски.  

„Претпријатието во целост ги подмирува обврските кон своите вработени по основ на плата и придонеси од плата и редовно исплаќа К-15, према државата по основ на даноци и према  добавувачите. Стрежево нема доспеани обврски.

Хидросистемот Стрежево не користел кредити во изминатиот период и нема добиено ни денар грант по било кој основ.

Направивме навистина импресивни резултати минатата година, и покрај сите предизвици со кои се соочувавме, на што сме особено горди.

Во изминатата година имавме најголеми приходи од основањето на претпријатието а расходите ги намаливме на минимум. Кога ќе ги ставиме на хартија реални приходи и расходи 2022 ја завршивме со биланс на успех од околу   милиони денари во позитива.

И оваа година во првото тромесечие имаме позитивен биланс од околу 10 000 000 денари со исплатени обврски.  

На крај сакам да потенцирам дека во моментов Стрежево е високо ликвидно претпријатие и од сопствени извори вложува во капитални инвестиции“, рече директорот Менде Граматковски.

Стрежево прераснува во доверлива институција која негува достапност и персонален пристап во соработката со водокорисниците, потенцираше директорот Граматковски.