ТЕРА

REKLAMA???

СТУДЕНТСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ДОБИЈА СТУДЕНТИТЕ ВО БИТОЛА

Студентите од Битола добија ново катче за учење и дружење „УКЛО студенски информативен центар“. Денеска на Светскиот ден на науката свечено го пушти во употреба ректорот на битолскиот универзитет заедно со министерката за култура и градоначалникот на Битола. 

Ова е катче за стекнување нови знаења низ дружење надвор од формалните универзитетски училници. Ова е почеток, а наскоро на УКЛО ќе промовираме нова лабараторија за наставниците, а во соработка со општината ќе промовираме Студентски парк и нов Студентски културен центар со што овој дел на градот ќе биде прекрасно место на студентите, посочи ректорот Игор Неделковски.

Според министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, првиот Студентски информативен центар овозможува дружење на студентите но и вклученост во програмите Еразмус, додека пак според градоначалникот Тони Коњановски, новиот Центар претставува библиотека уредена според волјата на студентите.

Во Студентскиот информативен центар изложени се над 1.200 стручни книги, посебен простор Студентска станица за читање на книгите и простор за истражувачки активности.

-Инфраструктурата на Студентскиот информативен центар е обезбедена од програмата за развој на универзитетот и со донација од битолскиот бизнис сектор. Верувам дека студентите во соработката со професорите ќе го ефектуираат својот ентузијазам и ќе развиваат одлична приказна, посочи проректорката Јасмина Талевска Буневска.

Од име на студентите присутните ги поздрави претседателката на универзитетското студенско собрание при УКЛО Симона Наумовска .

На денот на науката ректорот на битолскиот универзитет проф.др.Игор Неделковски утрово оствари средба со Амбасадорот на Франција Сирил Бомбгартнер. На сребата присуствуваа и проректорите,и почесниот конзул на Р.Франција во Битола Калиопа Кривашија Стилиновиќ.