Членот на централната комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Талевски денеска на прес конференција рече дека македонската енергетика предводена од криминалната матрица на СДСМ го достигнува дното со лаги, рекетирање и енормно осиромашување на граѓаните.
„Деновиве после објавите за криминал и корупција, директорот на РЕК Битола, со заканување се обидува да ја сокрие вистината.
Проблемите во енергетскиот систем стравуваме дека ќе кулминираат зимава, како резултат на погрешните политики во енергетиката.
ВМРО ДПМНЕ предупредува веќе подолго време, а за тоа највисока цена, за жал, ќе платат Битолчани и граѓаните околните општини Новаци и Могила.
Од приказната за грижата за заштитата на животната средина и електростатските филтри во РЕК Битола, одамна нема ништо.Се се заборави.
Почитувани граѓани и натаму после шест години власт на СДСМ остануваме со проблемот на загадениот воздух, никакви активности и грижа не покажаа и не презедоа . Проблемот и натаму се зголемува, ако знаеме дека квалитетот на јагленот кој се ископува и меша со земја за прикажување на поголеми количини е многу лош и штетен за животната средина. Ваквата мешавина за да согорува бара поголема подршка од мазут во котлите !!!
Тоа лесно може да се види од извештаите за работа на термо електрани Битола каде и покрај значајниот пад производството на електрична енергија потрошувачката на мазут двојно е зголемена, а овие се показателите:
мазут
2019 година
3200 GWh
7.7 g KWh
2020 година
2415 GWh
14.7
2021 година
1864 GWh
12.7
Проблемот го прави уште поголем набавка на мазутот, при која не се испочитувани европските стандарди. Количеството на сулфур е двојно повиско од она што е дозволено за користење.
Според ЕУ директивата од 1 јанури 2020 година дозволено е користење на мазут со максимум 0,5 % сулфур !!! Тоа во РЕК Битола, не е испочитувано!
Лицемерието, криминалот и неспособноста на крајот секогаш завршуваат со најголемата казна, а тоа е изгубената доверба кај граѓаните и одговорност за сите сторени злодела“ рече Талевски.












